без (предл.) - ниеден (прид.)

Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од сите страни на паркот стари згради со иста висина што зборуваше дека во добата кога тие биле изградени архитектите си ја завршиле својата работа без ниедна грешка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Спијат непробудно. Без ниеден гест, без грчење, без дишење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Колку време работат без ниеден збор, ни звук на незадоволство и револт, двајцата за тоа не мислат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Небото беше сето растворено во таа сивина, станато некако изгаснато модро, без ниедна ѕвезда и скоро исчезнато, само со една половинка изгасната месечина, ниска, бела и разјадена од сивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По повеќе време чунким само од себе крадешкум, без ниедно шушкање со чекорот, а бесповратно, срнчето почна да се доближува кон неговата дланка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Ха, ха, - рече Претседателот. А Змејко мислеше: кога си ваков, без ниедна трошка сигурност, и кога неа си ја загубил толку евтино, како овој тука, тогаш не ти останува ништо друго, освен да ги повторуваш зборовите на другите, да ги повторуваш нивните движења, да чекориш како што чекорат тие и да се смешкаш вака проклето изгубено, а смеата да ти е сѐ друго само не смеа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И овие двајца луѓе, загледани во оној до печката, што немаше на себе мека карирана кошула, што беше облечен во волнено и тврдо исткаено, какво што носеле отсекогаш луѓето во овие краишта, имаа едно чудно чувство за некакво не начнато задоволство, што се има обично по некоја свршена работа, која била претешка за нив, но која тие сепак успеале да ја свршат добро, да ја свршат онака, како што сакале без ниедна трошка, без ни еден збор отстапување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И беше наполно сигурен дека неговиот глас, кога би го испуштил сега, онака напнат во неговите гради, би бил многу покукавичко завивање, без ниедна трошка од онаа решителност, што ја имаа во себе дури и најслабите и најдалечните нивни одзиви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Без ниеден испукан куршум во градот влезе грчката војска и славеше голема победа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)