без (предл.) - прашање (имн.)

Рјазин пцуе, се лути дека си умрел без прашање.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А понекогаш ќе ти дојде на чипаво зборот. За малку, без прашање, да ти избега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога влегуваш во аптека, сите ти прават место а аптекарите без прашање те честат со двоен лексилиум.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Да може сега да влезе во собата, па и нека се лути што без прашање седам тука, сеедно, и нека ми се дере, и нека ми се заканува, сѐ ќе издржам само да е овде.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Без прашање се оженил, што се вели, без партиска согласност.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оти без прашање не смееш ништо да земаш, ништо да донесеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зборовите сега полесно ни излегуваат, речиси без прашање ни бегаат од устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Бато, повторував, дали ти знаеш дека јас тебе многу те сакам?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)