без (предл.) - капка (имн.)

Тие придодавки ќе се добиеја и без капка крв.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повторно се појави татенцето, блед како крпа, без капка крв во лицето, одвај процеди: - Се смееше, Кејтен, нешто ти е смешно, скоте! Влези!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Во минатата година грозјето, она ситно и темномодро како парченце ноќ и прораснато во овој крај за земјата и за човечките срца, мувлоса необрано меѓу ластарите, а тоа се случи кога умреа праските: лисјето без позната причина поцрвенети, се збрчкаа, потемнеа, потоа искапаа, плодот се исуши несозреан - врз семката остана само пеплосана сува кора без капка сок.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сум поткова најдена на пат за среќа, мислеше, но не сум ни камен без капка солза.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тоа го знам и би сакал уште да знам - кога можам да заминам кон чистилиштето на една планина како економ.“ Се потпиша и го здипли писмото со невешт искинат ракопис, по малку очаен зарад својата искреност, овој пат без капка цинизам, но и зачуден дека човековата биографија може да се набие в кожура како неколку зрнца ситен и безначаен барут.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Стрмнината преку Гола Глава Бојан, речиси, ја искачи без капка пот на челото, без каков и да е знак на замор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)