без (предл.) - жена (имн.)

Толку години си без жена, седиш како замрзнат крај оган.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вујкото, ограбениот маж, кога си дошол на себе и кога сфатил колкав срам ќе јаде во селото ако се врати без жената и штотуку роденото, кон грабнувачите ја насочил полицијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
- Која страчка без опашка, да и ти без жена, - рече Пискулиев, мислејќи си по нешто дека оваа пословица по еден убав начин ѝ одговара на целата ситуација.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сѐ се случуваше премногу брзо, нејзината младост и убавина го плашеа, беше премногу навикнат да живее без жени - не знаеше што е причината.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Без блиски, без жени. И без ракија - зашто нејзиниот вкус потсетуваше на една недалечна смрт.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
„Децата спијат“, уште еднаш му рече; го убедуваше, како што му се стори, и тој самиот да остане - без жена е, таа е вдовица, маж ѝ паднал со железничарско фенерче в рака под вагон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Која страчка без опашка та тој без жена“!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Која страчка без опашка та јас без жена! Ќе се женам!...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Што рекол некој: „Која страчка без опашка та Кристафил мој без жена!“
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Кога се пронела непроверена вест дека многумина неверници и неколцина незадоволни Турци се отворено со него, беговите побарале од власта да го смири поетот предавник и мулазимот веднаш испратил кај него двајца суварии да го доведат во управата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од своето камено гнездо, колку куќа толку кула, без жени и без слуги но со белези што го покажуваат дури и умирањето на бигорот, Селџик-бег ја пречекал мулазимовата заповед со крвави очи и со пушка в раце.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)