без (предл.) - дно (имн.)

Како, во тоа не повремено трускање ами постојано тресење, сме клумнале во сон без дно токму тогаш а не порано или подоцна, не знае ни Предо; кој ја искористил шансата да шмугне низ Битола како стаорец низ сирење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Денот ли дојде тој да се мери - мерка му нема, а в градите длаби без да се запре, без дно да најде не тага а клетва, и во очите матни и не сакајќи сама се дига фуријата.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Светлината не можеше да стигне далеку, зашто бунарот се чинеше без дно.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)