односно (мод.) - кон (предл.)

ЈОАН се врти и оди кон камерата – односно кон Тина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вака се отвора стремежот и кон еден нов „реализам“, односно кон приближување спрема Реалното, но овојпат кон она лакановско Реално, со коешто се сретну­ваме како со „решително порекнуван факт на нечија сопствена смртност“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Вештина сѐ да се пресмета, сликарство што се манифестира со бурни феномени; тоа, во права смисла, се изградува како „механизам за маѓосување“; но едновремено, штом ќе помине вxашеноста и штом гледачот ќе го опфати таинствен страв, таа состојба може да се објасни само со враќањето на „менталните“ операции; се враќаме од маѓепсаноста, од илузијата за завршено дело, кон неисцрпната активност на духот, т.е. кон бесконечноста од рефлексии и анализи, односно кон чудото на непрекинатоста, кое ни самото, во крајна линија, не е ништо друго туку еден вид на исто така творечка и плодна илузија во која би сакале да веруваме или да ја дефинираме.“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа важело за сите Македонци, без разлика дали припаѓале кон Егзархијата, односно кон Патријаршијата, и ги викале „Бугари“, односно „Грци“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Таа е дискурзивна формација во која се проектираат оние помалку цензурирани психички процеси.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)