можеби (мод.) - никогаш (прил.)

Најпосле, можеби никогаш не смееме со сигурност да тврдиме дека „јас” е засекогаш загубено или уништено, дури и во потполно „растопениот хебефреничар”, да се послужиме со Саливеновиот (Sullivan) прикладно одвратен термин.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се растуривме денеска и можеби никогаш веќе нема да се видиме и собереме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Бистата на Бојс која 1946 г. ја направи Брукс ја изразува длабочината на уметниковата љубов кон Бојс, а Бојс за Ламер кажал: „Тој беше единствениот кој зборуваше, За тебе ова е единствениот можен пат“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Без овие супститути на добри татковци, Бојс можеби никогаш немаше да стане уметник, а посебно не уметник од поголемо значење.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Еден од елементите на Бојсовите перформанси беше и неговото користење на топлината на толпата за да се почувствува жив и силен, а неговите скулптури користат материјали - животинска маст, овчо руно - чија цел е да ги топлат тие суштества или да симболизираат топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа можеби никогаш повеќе нема да ја покаже убавината на своите немири, - можеби никогаш нема да напише стих...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ја сака ли тој поезијата? Не знам. Можеби никогаш и не ја читал.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Не, не можеше да ѝ каже, не сега, можеби никогаш.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Да почекаше барем еден или два дена, можеби никогаш немаше да го направи тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И не зависи од сета таа машинерија на сценската култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нашето достоинство, какво е, не може да се стреми да се завие во величие и патос, да се окружи со службените великолепија на мажествените јунаштва.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Единствено ако не се сфаќаме сериозно, дури и среде трагедија и ужас, можеме најделотворно да си го изложиме полагањето право на страд што, иако можеби никогаш нема да се издигне до нивото на трагичната возвишеност, не треба поради тоа да тоне во понорите на чисто патетичното. ‌Ете зошто машката геј-култура клони од трагедијата и намерно ја пригрнува мелодрамата како прагматичен жанр.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во типично демократизирачки кампски гест, таа ја користи за себе и за сите други етикетата „мелодраматично“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби проблемот на женската философија се уште не е потполно сфатен во една извесна смисла, бидејќи не постои едно „ние“ (и можеби никогаш и нема да постои ) за да определува што тоа самото е.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Дали ова беше паметно?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби никогаш веќе нема да ги види овие мили предмети, од кои ни на сон не помислуваше дека еднаш ќе се раздели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби никогаш веќе добрите луѓе во Париз немаше да слушнат за мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако го изведев налудничавиот обид што вие го спомнавте, можеби никогаш не ќе излезев жив откај министерот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Колку што знаеше тој, можеби никогаш не постоел таков закон како jus primae noctis, или такво суштество како капиталистот, или некој таков дел од облека како цилиндерот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во извесна смисла тоа беше подлабоко од пријателство, тие беа интимни: некаде постоеше место на кое можеа да се сретнат и да разговараат, иако вистинските зборови можеби никогаш нема да бидат изговорени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знаев, можеби никогаш не сум знаел да се борам, да бијам со рогови и да газам со копита како бикот во мене.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Можеби никогаш не си постоела.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Потоа сметам дека на нашата возраст, кога врската почнува да постои, најмногу ѝ одговара да не поставува услови и да не се оградува од проблеми кои можеби никогаш нема да се појават...
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
DD ПТ: Не. Но, Панкот, исто како и поп артот, можеби никогаш нема да исчезне. DD ЕВ: Претпоставувам. 14 Margina #10 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Ден пред да си дојдат, Бреза загрижено ме праша: - Бато, тие можеби никогаш нема да се вратат?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да творам она што можеби никогаш нема да биде вреднувано.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)