можеби (мод.) - веќе (прил.)

Во последните дваесет и четири часа имав чувство дека е потребно да направам само мал напор и конечно да се откачам од својата корупка којашто веќе гниеше и можеби веќе ја ширеше наоколу својата реа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ме кочи мислата дека сѐ што сакам да напишам во мојата повест која упорно ми се опира, не се дава, е можеби веќе кажано, всушност скепсата дека не би кажал ништо ново што светот не го знае и не го искусил веќе.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа мора јасно да се каже, дека луѓето како Walter, Klemperer, Rainhardt итн. мораат и во иднина да ја имаат можноста во Германија да ја изразат својата уметност. (...) Во таа смисла апелирам до Вас во името на германската уметност, за да не се случат нешта, коишто можеби веќе не би можеле да се поправат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А можеби веќе никогаш во животот нема да се сретнеме.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Исфрлен од светот на затворите и прекршителите на законот, можеби веќе не можеше да се идентификува со гангстерите на крајот од патот, и на сцена да постава драма што ги слави „оние што немаат право“, оние „коишто престанаа да живеат со животот на овој свет“ и влегоа „во авантура како што се влегува во манастир“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Се чини, меѓутоа, дека во Соединетите Држави околу вас се концентрира одреден круг читатели коишто успеаја да ја формализираат таквата пракса на читање и пишување. 4 Во Соединетите Држави се случуваат многу интересни нешта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вплеткувањето на другиот, кого можеби веќе не смееме да го нарекуваме „читател”, е нужен иако секогаш неизвесен против-потпис. Тој секогаш мора да биде непретпоставлив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Потоа не ќе им биде тешко на моите да се пробијат од селото. Можеби веќе и тргнале?“
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Огнот можеби веќе беше изгаснат, но сега веќе и не му беше важно да гори постојано.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Можеби лисицата веќе го гони а можеби веќе и го држи во забите.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Или, кога можеби веќе знаеше кон што води тоа и кога веќе не можеше да види смисла во можните напори да го спречи она што требаше да се случи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или, кажи ми ти другар“, наеднаш без причина се вознемири Таша, „мајката пред својот син во какво небрано лозје ќе се најде ако мора да објаснува дека таткото можеби веќе и не постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во секој случај", таа малку подоцна додаде "зарем не е најдобро, во случаите како мојов, да го заборавиш она што се случило и да се помириш со фактот дека раѓањето на синот било лична желба на мајката а не обврска на некој друг!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ракијата ме фаќаше полека ама сигурно, оти сонцето биеше ужасно; некој понуди и тревка, и јас, ненавикнат на неа, во еден миг видов светлина; помислив дека таа светлина не е од овој свет, дека тоа ми се јавува Бог; беше тоа светлина виолетова, еднаква во сите свои делови, совршена, постојана, оти не беше една во едно време и инаква во друго време, ниту за едни убава, а за други грда; беше тоа светлина преподобна; помислив дека можеби веќе сум во некој друг живот, дека сум умрел и дека ми е доделено некое ново тело; верував во реинкарнација, и таа помисла ме возбудуваше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
На значењето на стилот, на далекосежните естетски, родови и сексуални последици на формалните стилски разлики, на составните елементи на прагматиката на родот – со еден збор, на културната поетика на човековиот субјективитет.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, не си ја разбира упорната приврзаност кон тие традиционални извори на настраното задоволство и не знае како да си ги објасни сопствените опсесии. ‌Фељтонот за геј-културата во Тајм аут Њујорк е бележит во оваа смисла не само затоа што слободно си ја признава неспособноста да се справи токму со избраната тема туку и затоа што толку јасно и симптоматично покажува поголема збунетост околу тоа што, всушност, би можело да значи тоа „геј-култура“, на што тоа би упатувала и од што тоа би се состоела.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Далеку од тоа дека би нѐ вратиле во некој психолошки модел на машкиот геј-субјективитет, тие би ја нагласиле сексуалната политика на културната форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Иако машката геј-култура можеби веќе не е преокупирана ниту со Џоан Крафорд ниту со Бети Дејвис, таа и понатаму им издвојува голем дел од своето внимание на холивудските ѕвезди, на дивите, на поп-иконите и на разни современи женски ликови кои отелотворуваат разни комбинации на сила и страдање, на гламурозност и абјектност, на моќ и ранливост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа поврзаност е толку длабока што можеби веќе сега се наоѓаме во првиот стадиум од процесот на социјална колективизација, што со текот на времето во потполност ќе ја надвладее идејата за изолирана индивидуалност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Една спекулација е дека таквите вирозни хумани форми можеби веќе ги населуваат нашите компјутерски системи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паметно дизајнирани, тие би биле многу тешки, ако не и теориски невозможни за откривање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Стојна Стојановска Немам обичај еднаш прочитана книга да ја читам повторно, тоа се случило само двапати, и тоа книги од класици како Толстој и Д.Х.Лоренс, и тоа да видам од голема временска дистанца дали исто ќе ги доживеам и сфатам, ама, откако се појавија Скопски приказни и ја открив Рада, постојано и постојано ги препрочитувам нејзините приказни и можеби веќе и напамет ги знам и секогаш длабоко допираат до мене и, додека со нетрпение чекам да се појави нова приказна, ги читам старите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Чекајте, со последни сили ги задржувал Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- По нас можеби веќе пошол аскер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отворајќи ги очите (можеби веќе врескаше) виде дека се раздвоиле. Сега навистина вресна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никому и не му паѓало на памет дека јас би можел да бидам тоа, но веќе ништо не може да се стори: јас сум тој.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стврднат како да ја чека смртта, мислеше дека ноздрите му се полнат со кисела, пресно ископана земја и чекаше - можеби веќе не ќе се пропнува проклетото `рзнување од кое се умираше побрзо и од острицата на зракот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во себе тивко малку се плашеше дека можеби Петар ја заборавил, дека можеби има нова љубов или можеби веќе не живее во Битола.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ја потпира главата на поткренатото рамо и со остар колк забуцан в неродица се стивнува. Можеби веќе спие.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Беше сосем можно патролите да го фатат на излегување: што се однесува до тоа, тие можеби веќе чекаат пред вратата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама ќе чуете пријатен глас. A можеби веќе толкупати чувте што стана со наши луѓе во она пусто Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Можеби пак ќе ти се врати, можеби веќе била кај тебе.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ковчегот со доживувања и поединостите што можеле да се престорат сон можеби веќе и не постоеле во моментот кога Привидот одлучил да го избере патот на заминувањето...
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Цел ден, уште од утринава. Мислев, можеби веќе не сакам да бидам собирач на смет.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А тие како да не се спремни да поверуваат дека оние кои ќе ги дофати студ на патот нема повеќе да се вратат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Е, токму таму, во меаната, татко ти успеал да го направи најглупавиот договор што еден умен човек смее да си го дозволи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А може веќе се случило и она најстрашното. Можеби веќе го нема.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И кога најпосле решил оти е подобро да се врати дома одошто да ака по Штабот кој можеби веќе и не постоел, свртил кон меаната под Овчеполска станица, да се освежи, како што рече, и ете, за белја, наишол на цела колона војници, загубени во полето, или едноставно заборавени од нивните старешини.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А кога ќе погледнеме подобро можеби веќе ќе биде доцна.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ние сме многу подобри од тоа што мислиме дека сме и ако мапата на нашата душа, не се согласува со мапата на животот што го живееме ќе мора да ја промениме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сметал дека прашањето би можело да се реши единствено од луѓе кои се "чесни", односно, како што нагласил Салвемини, "од народот, кој е чесен".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој сметал дека тоа прашање можеби веќе било разгледувано меѓу НОД и Италијанците.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И ќе ви се случи, а можеби веќе и ви се случило, само еден грд збор упатен до вас, да ве понижи.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)