можеби (мод.) - вака (прил.)

Можеби вака мислев и затоа зашто татко ти никогаш не го правеше тоа, не ми ја бакнуваше раката, дури ни тогаш кога очекував од него такво нешто да стори.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Хорот: Секоја представа има свој крај но во крајот и почеток е знај особено кога е нај како во нашиот рај ...или можеби вака Истиот распоред, истата боја. св. Јован, облечен во својата избледена талкачка облека, влегува, носејќи црвен грамофон.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
- Добро, Зоки, - вели таа, - можеби вака полесно ќе ги запомниш.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Излегува од сенката. ...или можеби вака Истиот распоред, истите предмети.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)