можеби (мод.) - некаков (зам.)

Кога ќе се гледаше во тоа лице, секогаш се имаше некаков впечаток како на него да недостасува нешто, некој свиок на некоја брчка или некаква длабочина, или можеби некаква цврстина, што би го собрала него во една целина, која што продолжува упорно да недостасува и колку да се мачеше човек да ја бара на тоа лице, загледан во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби некакви застрашувачки и заканувачки фотографии кои ја пророкуваат мојата судбина или пак ме уценуваат?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Кажи ни нешто за најновово искуство, за твојот неодамнешен престој во Њујорк, можеби за односот меѓу филмот, сликарството и стрипот, коишто се - т.е. токму нивните соодноси и динамика - можеби некакви клучни точки во твојот („уметнички”) светоглед?
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зелениот дијамант можеби бил некаков космички истражувац во некаква си мисија, можеби облик на свест кој се појавил како плод на еволуција кај минералите, можеби некаква организирана и свесна заедница на минерали...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)