можеби (мод.) - мене (зам.)

Но ајде да бегам од оваа фрка Полиција можеби мене ќе ме брка Вистина е ова ништо не ве лажам Но само сон е право да ви кажам.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но, - предложи таа, - можеби мене малку ме прагазило времето?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Свештеникот, пристар, се наведнуваше над неа, за да ја чуе подобро, но се гледаше дека тоа уморно го прави, а можеби мене тоа така ми се стори.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тоа понатаму ќе биде уште помалку можно, зашто веројатно и јас ќе дојдам во слична положба, така што можеби мене ќе треба некој да ме растоварува.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Можеби мене ми се кине срцето повеќе од неговото. Што знаеш ти што мислам јас!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тие три збора во еден момент Круме Волнаровски ги продолжи во „така сакаше Шефот“ (или така можеби мене ми се причини), но веројатноста дека јас тоа навистина го слушнав беше голема затоа што често, во отсуство на цврст факт во кажувањето (си го толкувам тоа како професионална деформација) ние го спомнувавме Шефот непосредно слушнат во наложувањето на обврските, иако никој од нас не можеше да биде блиску до него, а уште помалку близок со него.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа го знаев само јас, бидејќи сè што знаеше Шефот, знаеше од мене, или можеби мене така ми се чинеше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)