можеби (мод.) - станува (гл.)

Дури си претпоставувам (а можеби само ми се причинува) дека средбата со таа личност ќе биде и моментот кога ќе се осознаам себеси и ќе се почувствувам пораснат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби стануваше збор за испратен предзнак кој требаше да те потсети дека и горе во испустениот простор (помеѓу небесното море и твојата насмевка) не е сѐ празно.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Храброста во младоста можеби станува мудрост во староста.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Можеби станува збор за некоја далечна роднина, помислив.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А можеби станува збор за привилегија на жените, а ние, мажите, ова однесување неоправдано го сметаме за некаква неусогласеност помеѓу нашите и нивните желби?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Секој автор има само една книга во која го крие својот основен код, а во другите можеби станува епигон на самиот себе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но добро, можеби станува збор за процес, еволуција, доаѓање до себе преку испитување на различното, иако се сомневам, но оставам простор за тоа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби станува збор само за желба да наѕирнам во вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)