имено (мод.) - во (предл.)

Тоа е таа смисла за синтеза, за која уште пред десетина години, имено во 1995-та, во коментарите за книгата „Балкански клуч” на Луан Старова, навестив дека е мешање на исповедта со проповед.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Социјалната функција на ренесансната уметност, тогаш во служба на кнезовите и 50 okno.mk на градовите-држави, на пример, се содржи во интеграцијата, имено во создавањето групна солидарност во традиционална смисла.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И најпосле, ако Организацијата и македонската емиграција во Бугарија, особено оној дел од неа што има или државна служба со убави плати или се занимава со журналистика и со тоа има убави доходи и големо влијание на бугарските работи, така што се јавува со кандидатура за министерски места во Бугарија или си има други згодни потфати, -дали, велам, и без помошта на таа наша колонија е возможно некакво особено пројавување на нашата преродба, а имено во таква смисла како што ја спомнав, т.е. во полно одделување на нашите интереси од оние на балканските народи и во развивање меѓу македонската интелигенција и народот македонско народно самосознание?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Меѓутоа, Судот, изнел докази од кои се гледало дека тој бил еден од активните атентатори, имено во моментот кога бил уапсен (30 април) кај него, наводно, бил најден полн куфер со динамит.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Простете што ви ги обновувам тешките спомени, но ете тоа се случи имено во оваа соба, зарем не?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)