всушност (мод.) - само (прил.)

Кога се обидувам да ги актуализирам сознанијата од записите за кои станува збор, нагласи професорот, всушност само укажувам на внимателно документираните наоди за една појава што мојот монах ја следел през еден прилично долг период, изгледа подолг и од пет- шест десетолетија.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
И мрзливоста, незаинтересираноста, се всушност само тивко издигнување, во срцата, на овој енигматски удел којшто го уништува секој проект и дава наредба на секоја работа да ѝ се остави шанса за неуспех. (стр. 270)
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност само набројав имиња на македоски села и цвеќиња.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Всушност само ѝ помагав за да може подоцна да рече дека и самата учествувала во потребните подготовки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)