всушност (мод.) - нејзин (прид.)

Таа градба зад Меланхолијата е всушност нејзиниот живот, животот кој, како и да се живее, како и да се гради, ќе остане недограден, како попусто проживеан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали вагата е покрај Меланхолијата само затоа што е потребно премерувањето на тежината кога се гради, или е таа и симбол на постојаното вагање, постојаното премерување, постојаното колебање?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Голем дел од праксата на западната наука, всушност нејзината постоечка пракса”, вели Леинџ, „се заснова на уништувањето на светот каков што е, за да се открие што тој би требал да биде”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Леинџ застанува, со громогласен аплауз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пелагија открива дека ѝ е мило што не останува сосема сама во селото, дека овие луѓе околу неа, тешки од болка и достага, се всушност нејзина радост.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тоа тие не го знаеја. А нивното незнаење нејзе ѝ беше најмала грижа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зар да ги убедува грдите сеирџии дека она, што го сметаат за нејзина слабост е всушност нејзината најголема среќа?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)