џин (имн.) - и (сврз.)

Потоа, забележувајќи дека чашата на Винстон е празна, го донесе шишето со џин и ја наполни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Најпосле станал една силна мажетина и рекол: - Јас се нафаќам да го победам џинот и да го ослободам изворот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Докторе, ќе му речам. Имав еден пријател лекар. Беше џин и пак патеше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
42. ОД ИСКРА ПЛАМЕН, ОД ПЛАМЕН ПЕПЕЛ - развиток буен од смеа во плачка, од страшен џин и пострашен кепец, од горски тигар - домашна мачка...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Над Баунти барот во ек е журка. Многу џин и многу досада.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Смеејќи се си пиев спокојно по малку од џинот и се забавував со финото друштво.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Чинот го завршив откако испив еден џин и го фатив патот за да легнам порано, зошто сонот ме лечеше секогаш кога бев осамена.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)