џеб (имн.) - ќе (чест.)

Да ја видам јас неа кога од џебот ќе извлечам змија, на олкави ќе ѝ пораснат очите!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Посетете ја лавовската трпеза во зоолошката градина. Ќе видите бесплатна претстава и уште во џебот ќе ви шушне малку сува слама, паричка со слика на рудар - ударник.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Поначесто, кога си одеше од работа, во џебот ќе ја тутнеше книгата што го интересираше и дома долго ја читаше, и покрај мрморењето на бабичката дека ја арчи струјата бадијала, кога знае дека денес ништо не е бадијала - ни струја, ни вода, ни ѓубретарина, ни пак лежарина за такви бадијалџии како него.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Потоа ќе се искачев по скалите до “мојот” седми спрат (користењето на лифтот разбирливо не доаѓаше предвид), тука лаконски, со рацете в џеб ќе се проврткав пред “туѓите” врати небаре не знаев кој е станот кајшто треба да влезам и најпосле, откако стопостотно ќе се уверев дека било како изненадување е исклучено, секавично ќе ја отклучев вратата одземајќи му го притоа правото на клучот да шклоцне и бесшумно ќе ја затворев зад себе.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)