џеб (имн.) - додека (сврз.)

Важно, прстенот со жолт камен секој ден, кога шетавме со Меги низ Охрид, го меркав и секој ден се плашев да не го купи некој друг, оти беше единствен, а јас решив тоа да го сторам последниот ден, пред да заминеме, да не се случи да останам ептен без пара во џеб додека сме сè уште таму.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Колку се радував кога го имав! Дури и го замислував како ќе ѝ стои на мајка ми, на показалецот од десната рака.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
При една посета, кога ги извадил рацете од џебовите, на подот паднало истуткано парче хартија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги оставиив така, прашувајќи се дали утредента ќе ги видиш и препознаеш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 187
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дождот престана додека да се искачам по скалите до перонот на Е1.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Густав имаше навика да ги држи рацете во џебовите додека разговара, а потоа, на крајот од разговорот, одеднаш ги вадеше, и во тој миг од џебовите паѓаа моливчиња, креди, гумички, монети.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден блок понатаму поминав покрај пар гаќи што лежеа во еден вир и забележав дека беа моите; ми испаднале од задниот џеб додека трчавме кон твојата куќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)