џеб (имн.) - ја (зам.)

(Борис шета горе-долу низ собата. Долга пауза. Од џебот ја вади цигарата од Американецот. Ја мириса, ја враќа в џеб.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И додека ја вдишувавме и ја голтавме сладината, таа од џебот ја извади сојката со сиџим врзана за појас, ја пресече тиквата на фаши, парче отсечуваше и парчето секому му го подаваше со рака.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)