џеб (имн.) - го (зам.)

Од џебот го вади ножето. Го остава крај оградата. Се фрла во океанот. Пауза.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Послабиот милиционер од длабочината на џебот го извлече клучето од лисиците, му ги ослободи рацете на Брзакот кој потоа се поколеба, за момент ги преврте очите нагоре, се прекрсти и седна на предниот стол, но со претходно големо двоумење и загледување како да не верува дека му е понудена столица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од џебот го извади адресарчето, а од него пожолтен лист од топола: „За тебе, Јана, од под тополите, откај Маркова Река...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Помислува тогаш дека е многу лесно некој друг што во својот џеб го наоѓа неговиот телефонски број, да го има истиот проблем.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Чекореше со напор. Парчето стакло во џебот го удираше по бутината при секој чекор и беше речиси решен да го извади и да го фрли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)