џеб (имн.) - извади (гл.)

Генералот ја откопча кожната блуза, од внатрешниот џеб извади хартија свиткана на четири и рече: - Другар капетане ова е писмо до ќерка ми која живее во Атина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Од џебот извади бомба со обвивка изрецкани на делчиња и му ја подаде на чичко Петре: - Еве.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Потоа од другиот џеб извади едно друго шамивче, врзано во јазол, па рече: - Еве, да видиш, ова се чешниња од лук, ја секогаш ги носам со себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од џебот извади огнило, кремен и трат. Тратот го намести на кременот и почна да чука со огнилото.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ги допираа со раце моите фармерки, а најмногу од сè се чудеа кога од џебот извадив три џамлии.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)