љубов (имн.) - го (зам.)

Внатре, со љубов го закитуваме специјалниот мамец и јато светли желби се сјатува околу него.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Набрзо наоѓа куфер, го празни од силната облека и почнува со најголема концентрација да ги брои и реди парите во него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
-12 583 000 ДМ., добро е добро - потпевнува Фјодор и полн со љубов го штипнува овенатиот образ на неговиот пр. сликар. Отрчува во клозетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Заради љубов го напушти селото, домот и замина преку светот. Замина некаде во рамнините на Војводина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ама, вистина летав! Кому ќе стигнев кажував, љубовта го правеше и грдото убаво и скршеното здраво, и тамошните луѓе ги засакав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И блажени се оние што не бегаат од своите грешки, туку со нив се соочуваат и ги надминуваат единствено со силата на љубовта кон блиските свои, оти само љубовта го проштава гревот, без притоа да го заборави, зашто сеќавањето на гревовите кои љубовта кон блиските им ги простила нѐ учи каква е таа во својата вистинска природа“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Јас, обична, одлична и миленичка на класната, а тој бас гитарист во тогашниот „Тост сендвич“, со малку подолга коса од тогаш дозволеното, на клупата во паркот чаирски, кој Владо Јаневски за некоја друга љубов го опеа во „Евергрин“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Исто како што нејзините поттици биле таму со првите зборови и со првите чекори на синот, така и нејзината благост дава трајна дозвола за неговата изведба – која тој истовремено ја изведува за неа, со неа и како неа (86).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Токму во нејзината сенка, под нејзино покровителство и преку идентификација со неа, настраното момче кое ѝ е, ете, син добива поттик/забрана да се воздигне до сопствената општествена и субјективна дејственост – односно, да изведува – и со тоа му се овозможува да си го обезбеди, неизвесно и малку веројатно, сопствениот идентитет, сопственото несигурно и провизорно место во еден ненаклонет општествен свет. ‌Во контекстот на Циганка, Милер може да тврди дека мајчиното отфрлање на ќерка си и мајчиниот обид да ја преосвои сцената за себе на крајот од мјузиклот предизвикуваат особено обессилувачки и разорен шок кога се гледаат од гледиште на момчето чиј сопствен пристап до изведбата првобитно го дозволил ликот на мајка му – мајка која своевремено го навела да верува дека, преку неа, и тој ќе може да си има место.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мајчиното конечно свртување против сопственото чедо повторно го оживува ужасот што нејзината љубов го поттикнувала отсекогаш, ужасот „од протерување од нејзиното присуство“ (112).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа го тврди тој и притоа вели дека убивањето од љубов го смета за голема неправда.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Одамна научена реплика од крвта моја. која за љубовта го прави само тоа, зборува. Тонски во боја
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Сатурн помисли дека се вратила кај својот прв сопруг, нејзин школски другар од средно училиште, со кого тајно се венчала уште кога таа беше малолетна, а кого по две години поминати без љубов го напуштила за да влезе во својот втор брак.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И немилосрдно заклучи: „Оваа беше краткотрајна.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)