љубов (имн.) - може (гл.)

„Во лудилото љубов може да се јави само кон измислена, измечтаена личност; љубовта кон вистинска личност, а тоа значи вистинска и реална љубов, е неможна, затоа што да се љуби другиот за лудиот значи да се биде ист со другиот, а да се биде ист со другиот значи да се изгуби самиот себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку години имало тогаш момченцето - четири, пет? Толку.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онолку спонтано колку што е спонтана љубовта, вистинскиот двигател на сите човечки битија кои со љубов можат да изградат цел едн нов свет, но со спротивните чувства да го разорат.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Не е можно да постојат такви актери кои улогата на љубовта можат да ја изведат со такво совршенство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа се љуби некој измечтаен Друг, кој е само отслик на некое парченце од раскршеното Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но потоа станал сирак и раснел од куќа во куќа, бил без мајка и без татко, и секој со малку љубов можел да му биде родител.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)