љубов (имн.) - бев (гл.)

„Безнадежна љубов беше тоа. Ѝ помина како априлски ден.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зградата на Министерството на љубовта беше без прозорци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Беше тоа еден од оние моменти на помирување, кога упорниот глад во стомакот беше заборавен и кога неговата некогашна љубов беше привремено одново оживеана.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Безнадежна љубов беше тоа! И помина како априлски ден!
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Министерството на љубовта беше единственото кое навистина влеваше страв.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Нивното прво водење љубов беше обичен чин на волја. Но по вториот пат беше поинаку.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Затоа што таа љубов е мојот живот, за таква љубов бев родена.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Љубов која прави да гледаме во светот низ очите на божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Е, не е така, - му одврати Рада - првата моја доживеана љубов беше со тегнење на плетенките, а јас помислив дека тоа е тоа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Добро - продолжи Томо - мојата прва љубов беше Биљана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во нејзината младост, јавната и отворена љубов беше непојмлива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мојата стопроцентна љубов беше еден висок строен маж.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но тогаш себе си се самоубиваше прво а тој остануваше. (Како што Евридика сама си се вратила во пеколот за да не дочека Орфеј секако да се сврти, за да му олесни.) Љубовта беше скоро мртва.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Го сакам генералот Стојан“ Љубовта беше изразена од гардистка која ја имаше избричено својата глава.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Нашата љубов беше толку голема и интензивна затоа што секој миг чекавме да згасне, да исчезне, да ја снема засекогаш.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа беше време кога младите, или барем оние млади кои јас ги познавав, живееја во очекување на остварувањето на љубовта, а почетокот на заедничкиот живот веруваа дека ќе биде симнување на рајскиот поредок на земјата, а потоа ги отрезнуваше баналноста на секојдневието кое ги очекуваше, бидејќи секое очекување кое е поголемо од стварноста, како и секоја љубов која е поголема од оние кои се љубени, завршува или со пропаст, или во тривијалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А во тоа време љубовта беше нешто што трепери меѓу две души и две тела, време во кое страста беше опишувана како татнеж на вулкан а копнежот како дивеење на ураган, време во кое зборовите „душа“ и „страст“ и „копнеж“ беа изговарани и запишувани толку често, а најмногу од оние чие тело и душа едвај да затрепериле некогаш од страста и копнежот, што станаа излитени како долго носени чевли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Каде што престојував љубовта беше најпрогонуван порив Инаку за Одисеј боговите зар ќе смислеа Најзаобиколен пат кон саканата Пенелопа Реалноста е состојба на живот што си заминува А сонот е траг од копнежот што незнајно исчезнал Дали сме ние трагачи по реалноста престорена сон?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Стравот од загубата на љубовта беше причина што тој ја крие.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Имаше постар брат, но сета нејзина љубов беше насочена кон малиот Бубуш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И не само тоа, нивната љубов беше и заедничко гледање во иста насока, во насоката на постојаната борба за спасувањето на семејството во честите балкански разминувања со смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)