љубезност (имн.) - кон (предл.)

Ема му се заблагодари за поканата, влезе со Илона во нејзината соба, ја причека да се истушира и веднаш потоа заминаа кон Метрополата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Домаќинката, откако ја искажа својата љубезност кон гостинот, се готвеше да стане да свари кафе, а на двајцата колеги и пријатели не им беше тешко да навлезат во пријателски разговор и не забележаа кога кучето, речиси прикрадувајќи се, почна да се приближува кон гостинот полека влечкајќи се на задните нозе и истовремено оближувајќи се и одвај чујно потквичнувајќи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Полицаецот: Сум видел толку типови како вас за кои што љубезноста кон пандурите беше вистински одмор.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Директорот Стево Трајчов беше изненаден од нејзиното рано доаѓање во Центарот, но покажа љубезност кон неа и ја покани на кафе во неговиот кабинет.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)