јунец (имн.) - кој (зам.)

Во обредниот тек првосвештеникот неколкупати ги исповеда гревовите: најнапред за себе и за своето семејство со рацете положени на главата на едногодишен јунец кој подоцна ќе биде заколен како жртва кон Бога, потоа ги исповеда гревовите свои и на своите свештеници сторени кон светилиштето, Храмот над сите храмови, за што рацете ги положува на главата од јарец кој подоцна исто така го колат како крвна жртва кон Бога и на крајот ги исповеда гревовите на сиот народ со рацете на главата на уште еден јарец, кој натоварен со нив и наменет на злодухот Азазел, се пушта во пустината.  Потем пред очите му игра борбата на свештеникот Мататија и неговите синови, а посебно еден меѓу нив, Јуда Макаби и неговата победа над носителите на грчката духовна окупација.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)