јули (имн.) - ист (прид.)

На пример, на вработените им беше забрането да внесуваат дневни весници во кругот на фабриката, а околу 70-на вработени што се имаа решено да организираат штрајк, по автоматизам, беа избркани од работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Под силен притисок на востаниците султанот Абдул Хамид II бил принуден да го врати уставот од 1876 Обидот на султанот да ја врати претходната состојба било причина востаниците да преземат енергични акции и да го симнат од престолот А.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
200 Бидејќи на овој конгрес бил избран Врховен комитет од приврзаниците на МРО, на Сарафов и на Цончев, бидејќи, значи, Цончев не можел сам да раководи, во јули истата година бил одржан Деветтиот редовен конгрес на македонската емиграитска организација во Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првата измена и дополнување на ЗИПДНД (1992), од јули истата година, донесе неколку промени поврзани со исплатата на платите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во јули истата година во Македонија, Младотурците кренале востание.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Спорот на Авдиќ настанува како резултат превирањата во претпријатието и добивањето отказно решение поради наводна дисциплинска повреда, 3 од летото 1999 година – кое, всушност, нему никогаш и не му беше врачено, иако заменикот на генералниот директор (З. Андов), тврдел дека, уште во јули истата година, на Авдиќ му било испратено препорачано писмо за тој да се јави на разговор во управната зграда на друштвото во Велес на која средба тој не дошол, поради што против него била поведена дисциплинска постапка за кршење на работниот ред!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)