јато (имн.) - туна (имн.)

Со овие неизбежни мисли за сјајот и бедата на владеењето во нова Картагина, во која стариот Југурта ги завршуваше своите последни години во својот златен кафез, се доближувавме кон Добриот `рт, на долго очекуваната матанѕа...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Уште рано во пролетта (обично во почетокот на март) се поставува мадрагата (од провансалскиот збор madrago), систем од мрежи на неколку ката во вид на стапица, која како далјаните при ловот на јагулите, ги води рибите во безизлезниот лавиринт, во комората на смртта каде што потем се одвива крвожедната матанѕа... невидениот масакр на јатото туни...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Оваа генерација јагули ќе доживее вистински масакр во турбините на новите хидроцентрали при враќањето од среќниот трансокеански егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе биде тоа организирана балканска матанѕа на јагулите, кои се беа разминале со јатото туни, кои ќе ја доживеале или избегнале медитеранската апокалипса.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XVII Дипломатите заминуваат да го следат ловот на јато туни кои според проценките на старите рибари-морнари, треба да пристигне крај Сиди Дауд, на најистурената точка на Добриот `рт неколку часа пред амбасадорската ескорта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веќе илјада години, од генерација на генерација, на Медитеранот се практикува ловот на туни со матанѕа, обично кон крајот на пролетта (во мај) и во лето (во јули), кога небото е светло сино, морето мирно, водите проѕирни и особено кога не се заканува ветер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)