јато (имн.) - жерав (имн.)

За да не се најде во пранги на мраз, јато жерави со крици се простило од мочуриштето во кое безгрижно го минало летото и се упатило кон југ.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Жеравот летал – нагонот го водел кон Нил.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во далечината јато жерави се спушташе кон копното, упатено до еден од најголемите птичји резервати во светот, во една од нивните можни гробници, кога по илјади години по последните летови завршуваа во фосфати Најпосле помислив на писмото што требаше да го напишам на Мајка.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Леле, последните јата жерави размавтале крилја - со таговен крик - заминуваат...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)