јаничар (имн.) - кој (зам.)

Језуитите беа верна духовна милиција на папата, за разлика од јаничарите кои беа физичка армија со однапред кастрирана духовна моќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На горниот рафт од библиотеката и натаму си останаа светите книги, а веднаш под нив беа книгите за јаничарите кои, според Татко, содржеа најкомплексни сознанија за разбирање на балканската историја.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)