јазик (имн.) - негов (прид.)

„ Му ја даваме на јазикот неговата конечна форма - формата што ќе ја има кога никој повеќе нема да зборува ништо друго.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не беа свесни дека со тоа ја поддржуваа матрицата на светскиот јаничаризам на империјата на новите времиња: новиот јазик за сите требаше да ги потчини малите, да направи од малите јазици негови сателити.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Божјата премудрост си соѕида храм во неговото срце и на јазикот негов како на херувим почиваше секогаш Светиот дух разделувајќи дарови според верата, како што кажуваше и апостолот Павле дека секому од нас му се дава длагодет како што дарувал Христос.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Запомни од кој народ произлегува и јазикот негов.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„Од јазикот негов капеше крв. Ни на господа не можеше да му се помоли.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Домаќинот се држеше за свои сфаќања.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сѐ што сум мислел низ годините, тајно, од страв од Лествичникот, сега излегуваше од устата на Филозофот; како мојата душа да говореше со неговата уста, како да се служеше со јазикот негов.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)