јазик (имн.) - му (зам.)

И на турски јазик му се претстави на командирот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- За губење време немам. Ме чекаат уште многу царски работи. Султанот така пари недава.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Совршена едноставност која маестрално ја впрегнала најсложената сложеност на мислата (и на јазикот!) во јаремот на делничниот, обичен, најобичен збор со кој на јазикот му се враќа она што му се зело...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Дали си помислил некогаш“, рече тој, „оти целата историја на англиската поезија е детерминирана од фактот што на англискиот јазик му недостасуваат рими?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, тој тогаш не го измери значењето на зборот. Јазикот му беше побрз од мозокот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова е за твое добро, Исусе.“ Отец Симеон опцу со разлеана крв во устата бессилен да се извлече од клопката. Јазикот му го жежеше опор вкус на ’рѓа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Авторе, авторе, свеќата ти прегоре...“ смислувајќи римуван македонски јазик му рече Летка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но јас верувам дека јазикот му е добар, а ушите слабо слушнале; кога ушите слабо слушаат душата не е виновна.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
“ Без сочувство за бедникот, попот намотуваше околу десниот показалец перче од брадата, со прстите на левата рака пресметуваше нешто во себе: се пие и се јаде, од брав и неколку кокошки ќе останат само разбуричкани коски: му доаѓа да се расплаче и да признае дека не сретнал поголем пријател од младоженецот и му доаѓа да штипне една од сестрите на кумот Геле Накотник; сепак - мирен е, тагува неподвижен; сака да каже дека не му се живее во селска опустеност, не може, јазикот му набабрел и се залепил за горното непце; седи, тагува, ги слуша Марковите прикаски за прекуморскиот живот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Стомакот му беше залепен за слабините, цревата му кркореа во празни клобурци, а јазикот му беше пенчетиран со ѓон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)