јазик (имн.) - извади (гл.)

До вечер ќе блеам по ходникот да уловам некој збрлавен со јазик изваден ’ко пес жеден, со некоја која го поттурнува со рака, велејќи му: „А бе улав, луѓе има!“, а потоа по кеј ќе ловам пензионирани двојки фатени под рака, кои одамна веќе не се љубат, ама пред спиење во чело се бакнуваат со срам и страв да не е последно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Другарчето му ги фрли џамлиите в лице и му се искриви уште еднаш, со јазикот изваден низ устата колку што е долг, сè уште со црвени траги од парчето леб со ајвар што го изел за ручек.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)