јавност (имн.) - дека (сврз.)

Во последно време, кај нас, некои политички аналитичари, некои интелектуалци, открија топла вода, изнесувајќи пред јавноста дека меѓу политичарите немаме личности.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така загледани можат да објават, па да ја информираат јавноста дека ќе стрелат на месо и дека она што ќе го кажат е она што не може да се премолчи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во нашиве медиуми, деновиве осамна вест која ја известуваше јавноста дека актерите кои партиципираат во македонската кино продукција се будали. Зошто?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Требало да се истакне „храброста“ на војската и полицијата коишто успеале ладнокрвно да ги ликвидираат атентаторите (иако за нивното херојско однесување и загинување знаел целиот град) и по секоја цена, било преку прогласувањето дека тие, наводно, му припаѓале на „Македоно-бугарскиот комитет“ или преку „пронаоѓањето“ кај Коста документи, да се убеди домашната и странската јавност дека гемиџиите биле членови на „комитетите“ и дека имале врска со Бугарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)