јаболко (имн.) - ќе (чест.)

Можеби заради мојата болежливост брат ми беше понежен кон мене отколку кон другите сестри, и пред заспивање секогаш ме бакнуваше в чело, некако скришум, бидејќи мама се потсмеваше на секој негов гест на блискост со мене, па тој нежноста кон мене ја покажуваше само тогаш кога таа беше надвор од домот – кога одеше да риба подови во домовите на богатите или пак да им помага на дедо и на татко во продавницата за ткаенини.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Марина Џавери, италијански книжевен теоретичар и компаратист Големиот сликар, импресионистот Пол Сезан, на крстопатите помеѓу фигуративната и апстракната уметност, тврдеше дека сликајќи само едно јаболко ќе го освои Париз, со што сакаше да им покаже на љубителите на сликарството дека големата уметност може да се создава и од обични субјекти.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога од јаболкото ќе останеа само нејадливите делови, брат ми ги ставаше усните на моето чело, за да ја провери температурата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)