ѕид (имн.) - го (зам.)

Тоа што бил напуштен од оние кои го зачнале го болело повеќе од смртта на оние кои го одгледале.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Високите трски како ѕидови го затвораа од обете страни хоризонтот, само над нив високо и некаде длабоко напред се гледаше тесна лента сино прозрачно летно небо.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Потрагата по родителите за него била како движење по ходник на чиј лев ѕид го гледал насликано своето минато кое веќе било мртво, од десниот ѕид безуспешно се обидувал да го оттргне превезот зад кој се криеле оние кои го отфрлиле по раѓањето, а некаде далеку, таму каде што завршувал ходникот, се простирала празнината на иднината, која се надоврзувала на мртвилото и отфрлувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чиниш проклетиот ѕид го држиме да не падне.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Меѓутоа, во полициската станица доктор Миха се талкаше од шалтер до шалтер за да ја погоди канцеларијата, еден цивил го зеде под рака и го одведе во еден агол, каде што докторот притиснат до ѕид го ислуша иследникот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)