ѕвонче (имн.) - во (предл.)

И Уља врви и си вели, а детето плаче, ко ѕвонче во долче. Така до трипати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ајде, сега? Ќе ѕвони ли ѕвончето в недела?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Многупати учителот на часовите по сметање нѐ тераше да пресметуваме колку пати ѕвончето во годината ни штракнува од еден час до друг, или од еден одмор до друг.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Јас го притиснав копчето. Одекна ѕвончето во станот на Христина.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
И, гледам: влечки, ’ко во турска серија свртени кон мене, стапалки од шарена хартија, кои ми го покажуваат патот до дневната, до масичката, а на неа, бидермаер од булка и ѕвончиња во чаша за ракија, компјутер со отворен ФБ на мојата страна и чај од нане! Цел свет е мој!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)