шума (имн.) - и (сврз.)

Крадец на крадец ништо не му краде и откога Прометеј се истопори во центарот на Скопје (првин угул гол потем со наметка на алтипатлакот) и свика на бадијалџиската толпа: аманте бре, луѓе, за тоа ли толку се резилев и го маткав оној зевс додека му го дрпнав огнот на хефест за тоа ли се мачев да ве научам како се пали огнот - за вие да ги распалите сите шуми и гори македонски сите до една опеани во заборавените народни песни - колку огнови сте украле, толку пожари да распалите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Се обидуваше да мисли на нешто убаво, се мачеше да намами пред очите некои весели слики од одминатото, сончево лето, да ја довика зелената боја на шумите и полјаните, да ги почувствува миризбите на зрелото лето, да ги долови ѕвонежите на стадата прснати по падинките, но тие толку привлечни, толку пожелни слики, само се стрелнуваат низ неговата свест, отстапувајќи им место на мрачните грижи, на тешката неизвесност.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И пораспретал таму некоја натрупана шума и што ќе види!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Шетањето по шуми и собирањето печурки во ладно есенско утро, може да биде многу досадно, посебно ако не најдете ништо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првин бугарските, во есента во 1915-та, а потоа и германските војски, енергични, откако ги прогонија Србите од Потковицата, веднаш ги зазедоа и Чауле и сите стратешки позиции, а падините на ридиштата, и горе над шумата и долу под шумата, ги ишараа со окопи, направија, замјанка и чекаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога после, при крајот на војната, српските војски, здружени со француските, се обидоа да ги прогонат, тие цело лето, целата есен и целата таа зима куртулуваа од пешадиските, артилериските и авионските напади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Слично на кривоног, заокруглен, измазнет и севезден весел продавч на бои: во пролет зелени, во лето пепелави, во есен бакарноцрвени и во зима бели, ридот истрчува од шумата и продолжува да трча право прудолу и право спрема дното на Потковицата, сѐ додека не се израмни со него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Партизаните на ДАГ се спуштаа по стрмните планински удолници и густите шуми и на приодите пред градот паднаа во минските полиња и беа пречекани со урагански митралески и автоматски оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се сонуваше како еден од тие волци, скиташе по снежната шума и се задржуваше на секоја повисока тумба, ја исправаше главата кон ѕвездите и завиваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И оној негов предедо, со една покуса нога, се наведнал и речиси се допрел со своето лице во тврдото, полно со миризба на шумите и на дивината, топло, смрдливо влакно од колкот на мечката, а со своите две раце и со двете нозе тој прво ја исправил стапицата, а после се навалил со целата тежина на своето тело над двете маши од двете страни и ја отворил неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој за сето време знаеше со кого е во оваа шума и во оваа ноќ. Ниеднаш не успеа да го заборави тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А еве веќе една недела не сум го исправила бутинот за да изматам маштеница. Ја стискам кравата за вимето, ја тргам, а кравата само тупа со нозете, раскопува шума и мавта со опашката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А кога малку се уталоживме од стравот, гледаме тоа сонцето слегло над шумата и гори, грее на широко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите се разлазале низ шумата и се забидуваат меѓу себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еда, имам јас време, вели, да му’бам мајката, ако немам, вели и пак шета низ шумата и војва од едно дрво до друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Лозан Перуника бил подалеку од тие настани. Седел сам на работ на плашливо разлистаната шума и со оган на нова треска мислел на немата девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се прочуло: џинот од Кукулино бил виден со крвава брада и со конци пресно месо меѓу забите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Челата на луѓето биле испотени, врз нив лежела прерано дојдена омарнина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Навистина почнуваше пролетта. Низ прозорецот без стакло бапна мирис на шума и цвркот, од некоја црква се огласи со сребрен глас старинско ѕвоно, ме опи со чад на темјан, ме растрепети со топлина и со сеќавање на песна што сум ја слушал во свадбарски утра од Богдан Преслапец и Блаже Задгорец.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговите придружници можеле да бидат исто така пци пуштени од синџир но тешко го стасувале - Онисифор Мечкојад брзал, потрчнувал кон нагорнината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во оној час кога таа се доближи навистина без видливи движења и само малку се надви над моите очи, во оној час кога во возбудата и во душникот почувствував скокоткање на мравји разбудувања, невидлива чучурлига го прогласи денот за почеток на пролетта: ливадите ги покриваат белокруни колениши, се разбудува меѓу шаренолисни крвариги желурок и со пренежен писок бара во капинова грмушка оклопена невеста, и се дуе во стоплена бара жерав пред бели птици со смирени крилја, почнува, мислев, зашто сега и водите и небото се сини и дарежливи со светлост, а на прагот на собата падна парче сонце и се разлеа стопено од своја топлина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А овде, на Земјата, одам низ шумата и ме болат листовите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
3. Верувам, драг Аристине, дека не сте можеле да го сонувате зададениот сон и да го изедете во сонот зададениот ручек, оној светиниколски сом печен на вода.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
О, господе, можеби сега тие имаа други имиња, други знаци, можеби тие сега беа Унгарци, Руси, Полјаци, Французи, Чеси, Германци, им го кажувавме прекрасниот сон за родниот крај, каде беше тој, нели си спомнувавте, имаше еден рид, еден рид со сонце изутрина, па потоа една мала рекичка, оттаму реката пак се протегаше шума, една сребрена, една златна шума и небото над неа исто такво, нели...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ја познава секоја стапалка шума и сето тоа го потсетува на неговото детство и среќните дни, кога таму ги пасеше овците, свиреше со кавалот и мечтаеше за својата идна среќа: како ќе се ожени, како своето прво синче ќе го води со себе да го запознае со пределите на шумата; како ќе му влее кураж да не се плаши од волците; како тоа ќе ги пасе овците и јагнињата, и најпосле, како и тоа ќе биде домаќин, како што е татко му Петко, и тој сам што ќе биде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но длановите твои не венат со грстои риеш по мртвиот мрак по земјата со трендафил на усни Црвенице што раката те знае расцути ми со уште еден цвет од земја мрак и видело што иде Добрлижи ги заспаните што лежат во пазувите нежни лулкај ги поубав ден да иссонуваат За нив тој цвет од виножитни бои во старава и бессонава шума и венење и листеж што ја знаат
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Војне се дошикал и си отворил работа: крадел дрва од брезничката шума и им ги продавал на Ливаѓани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не можел ништо друго да стори освен да се сокрие во шумата и да чека цел ден во најдлабокиот честар, додека новата ноќ не им ја подари на неговите крилја можноста таинствено да запливаат во небото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Но, потоа секогаш се будеа во светот на постојаното барабанење, бесконечното тропкање на бисерните ѓердани на дождовните капки по покривот, бујните зелени шуми и градини, и нивните сништа исчезнуваа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Страсната тага по оставената младост во карпите, ридиштата, доловите, осојнините, припеците, шумите и снеговите на Македонија, се прекршува во зарипнатите и гладни грла на падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Утрото, еве ги селаните, одат низ шумата и викаат: — Е-е-е-еј, дали има живи?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се слуша некоја птица да пее во шумата и си мислам дека сум отишла во некој друг свет, во некое друго време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се загубив во шумата и ме фатија...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Малечко беше клопчето и конецот го довлековме до тука, а пред нас кој знае колку долг пат се влече, по какви долови и ридови, по какви шуми и трапишта...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тој кружи. Виси над ридовите и шумите и нови кругови врти, гледа од високото, јавува и снима.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Е, па, тролови се многу мали шумски џуџиња кои живеат во чашките од ливадските цвеќиња, дење спијат, а ноќе излегуваат и се движат низ шумата и гајле си немаат од темнината.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Најмногу сакаат да летаат врз крилцата на светулките и секогаш кога во Маврово ќе видиш светулка, да знаеш дека таа носи по еден трол врз своите плеќи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)