шума (имн.) - бев (гл.)

Но шумата беше непроодна.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Беше приквечер, во средината на септември; шумата беше сета пожолтена и облеана од светлината на залезот, па се чинеше уште пожолта - позлатена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сета шума беше прецизно поделена на територии во кои секој тигар смееше да управува со онолку мајмуни колку што повелаше древниот закон на тигрите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Големата шума беше богата со секакви плодови.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Веќе три дни во шумата беше безмилосна спрема неа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Видоа голем број луѓе во униформи и во цивилна облека, а во шумата беа скриени санитетски коли.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Веќе три дни шумата беше безмилосна спрема неа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Шумата беше далеку, а тука, на сивите стреи со сиви оџаци, скитаа мачори и ја чекаа ноќта за да ги ловат ѕвездите и да ја плашат месечината. Сепак шума не нацртав.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не помина ниту еден час, а младата шума беше окопана и оплевена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)