шубе (имн.) - дека (сврз.)

Мрзлив, каков што го дал Господ, беше во шубе дека си отворил работа повеќе одошто треба. Реши да не му ја мисли.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега јас не се навредив од ова што ми го рече Петре Даскалот, ама брзо го поврзав ова со она што ми се случи дома, така што сега навистина ми стана шубе дека нешто се готви.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)