штрк (имн.) - го (зам.)

Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк јет и можи син му да го удаи и умри, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раци и умирачка ќе си го наеше, чунки можеше да го врзи Велко со ден сиџим за нога и да се играт со него, како што си играат децата коа да врзуаат врапчиња и чавки.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И нејзе ѝ кажувал Велче оти штркот го удрил со стапчето и после го фатил.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Имено, тукашните сега се определија за орлите, поточно за оној што сам се реши против штрковите и тврдеа дека тој ја олицетворувал Македонија, која, после, по прогонот на Турците, остана сама да се бори против сите свои довчерашни сојузници, а тие, гнасници, ја убија, односно штрковите го убија јуначкиот орел.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не(ј)зе и кажуал Велче оти штркот го удрил со стапчето и после го ватил.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)