штрајк (имн.) - организиран (прид.)

Организирањето или учеството во штрајк организиран во согласност со одредбите на овој закон и колективен договор, не претставува повреда на договорот за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да се наведат причините за штрајкот, местото на одржувањето на штрајкот и денот и времето на почетокот на штрајкот (чл. 236, ст.1-5 од ЗРО – н.з. првиот став од овој спорен член, кој им го одзема 96 легитимитетот да организираат штрајк на вработените и им го дава ова право само на синдикатите, во април 2010 беше оспорен пред Уставниот суд на РМ од страна на Асоцијацијата „Магна Карта“ и ДСП „Ленка“, но до денес овој суд се нема произнесено по повод оваа иницијатива).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со единствениот член од ЗЈС кој се однесува на штрајкот се пропиша дека јавните службеници имаат право на штрајк организиран во согласност со закон и се должни, како и државните службеници, во остварувањето на правото на штрајк, да обезбедат минимум непречено извршување на функциите на институцијата и неопходно ниво во остварувањето на правата и интересите на граѓаните и на правните лица (чл. 31, ЗЈС/10).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За издвојување се: прво, зголемувањето на минималната казна за работодавецот од околу 400 на 2.000 евра во денарска противвредност ако не ги води или неуредно ја води евиденцијата за вработените работници, за потребата од работници, за платите, за повредите при работа, за штрајкови организирани кај работодавецот и евиденцијата за корисниците на права од инвалидското осигурување (чл. 4); второ, зголемувањето на казната за истиот прекршок за директорот, односно друго одговорно лице кај работодавецот од околу 80 до 800 евра на 1.000 до 5.000 евра (чл. 4) и, трето, зголемувањето на казната од околу 30 до 300 евра на 200 до 500 евра за работниците кои 1.  Закон за евиденциите од областа на трудот, Сл. весник на РМ, 16/04. 2.  Закон за изменување и дополнување на Законот за евиденциите од областа на трудот, Сл. весник на РМ, 102/08. 190 нема да пријават промена на податоците запишани во евиденцијата за вработените работници, односно за невработени лица, ако се невработени, ако даваат неточни податоци или ако заминат на работа во странство, односно се вратат од работа во странство, а во пропишаниот рок нема да се пријават во Агенцијата за вработување (чл. 7).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Најпрво, дојде до намалување на казните за работодавачот ако не ги води или неуредно ги води евиденциите за вработените работници, за потребата од работници, за платите, за повредите при работа, за штрајковите организирани кај работодавачот и евиденцијата за корисниците на права од инвалидско осигурување, од претходно утврдените 2.000 до 4.000 ЕУР на 3.000 до 3.300 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)