штичка (имн.) - и (сврз.)

Филозофот се заинтересирал за она што било запишано на штичката и го замолил Кападокиецот да прочита; тој пак, целосно ослепен од болеста, со прстот одел од знак до знак и раскажал неверојатна повест за некаков бог што слегол од небото на лицето од земјата и сотворил сѐ што постои.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Куќата е една од најстарите во селото; направена од петаври: од штички и плитар, од лескови прачки исплетени од дирек до дирек како што се плете кош и облепени со кал измешана со плева, слама и козина за поцврста да биде; на многу места калта и испадната од ѕидот и зјапаат дупки низ кои ветерот се провира и свири; во тие дупки птиците се пикаат и прават седела клувкајќи го и користејќи го истиот материјал со кој е облепена куќата; чардакот од куќата виси над патот како дрвено корито спуштено од небото; куќата е затетеравена на едната страна како пијан човек и, изгледа секој миг ќе падне.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)