шмизла (имн.) - и (сврз.)

Работи како личен тренер на калифорниските ѕвезди, продуценти, бизнисмени, шмизли и ексцентрици.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Голема желба во животот имам на струшки вечери поет да бидам на езеро ладно пиво да пијам на струшки ручкови у фаца да им ждригам Не, јас неможам во Скопје да седам неможам шмизли и шминкери да гледам запалив кола во Струга ја летнав да одморам душа од џунглата штетна Облеков шорц на плажа отидов Гавазова Сузе на кајче ја видов решив да пријдам го скршив мразот и видов паун тетовиран на газот
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Ми фалеше да бидам шмизла и со шмизлите другарки да одам во шопинг и да трачарам по кафулињата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не ме слуша како ѝ кажувам дека е шмизла и легнувам да спијам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дејан ми кажува дека носот му бил најубавото нешто на неговото лице.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)