школа (имн.) - во (предл.)

Таму завршува декоратерско училиште, а од 1909 до 1913 ја посетува Уметничката школа во Дрезден.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од 1899 до 1903 студира во Уметничката школа во Вајмар, каде што ја запознава својата прва сопруга Minna Tube.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Предава во Уметничката школа во Франкфурт, сѐ додека 1933 нацистите не го отпуштиле, по што се сели во Берлин. 1932-33 настанува првиот од деветте триптиси: Заминување. 1937 емигрира во Амстердам. 1938 - десет изложби во Њујорк; предавање во Лондон при отворањето на изложбата Германска уметност на 20-иот век, замислена како протест против германската политика спрема уметноста.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тешкотиите за достигањето на народните идеали служат само како школа во која се закрепнува народиот дух и се готви за уште поголема борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
111. И за оваа дејност на Богословско-учителската школа во Белград постои исцрпна архивска документација што наполно ги потврдува зборовите на Мисирков.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бидејќи таа беше жена на една угледна јавна личност, нејзината врска со Дишан им беше позната само нас неколкумина најблиски пријатели (и не беше разјаснета ниту на изложбата во Палацо Граси, ниту во придружниот каталог).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во рамките на една деценија по докторирањето во 1951 година, Фаерабенд ги запозна сите свои колеги непријатели на науката.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој и Лакатош заедно студираа кај Попер на Лондонската економска школа во педесеттите години.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Родена и порасната во Бразил, Мартинс се школувала на една француска школа во Рио Де Женеиро и течно зборувала француски.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Роден во с. Брајчино, Преспа, 1928 г. Завршил учителска школа во Скопје.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
По завршувањето на американското училиште „Хари Фулц” во Тирана работеше во познатата учителска школа во Елбасан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Завршив висока учителска школа во Скопје и сега работам во основното училиште „Вук Караџиќ“.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Во наш интерес е да останеме сите тука заедно и да наоѓаме начин да се справуваме со економските проблеми и да градиме заедничка иднина....“ говореше младиот каризматичен учител, свежо вратен во Битола по завршувањето на студиите во учителската школа во Скопје.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Туку, да ве запознаам, Костадин го знајте, а ова е Петар Димоски, нашио нов даскал во училиштето „ Вук Караџиќ “, свежо вратен од студиите во учителската школа во Скопје. Ова е Томаица, ова е Христина.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Тој понатаму ѝ раскажуваше за неговите студентски денови во учителската школа во Скопје, за комуникацијата со Бранислав Нушиќ.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Летото, мене и Оливера Поточка, нѐ испратија на партиска школа во Скопје.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На хебрејскиот му се дава големо значење во животот на еврејската општина на Салоника”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сред летово, старата, голема заедница на Салоника контактираше со Високата јудаичка школа во Берлин со барање да им се препорача соодветен кандидат кој би служел како главен рабин на нивната заедница, со оглед дека таа била останата без главен рабин веќе осум години, од денот на заминувањето на Раби Узиел кој отишол да служи во Тел Авив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Основно училиште завршува во родното село, гимназија во Охрид, а учителска школа во Скопје.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Макар што долго време минав на подготовките во СИП, како и во воената школа во Бањица кај Белград, бев свесен дека нема никакви рецепти за дејствување, за снаоѓање во вакви ситуации.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Помалиот син, пак, веднаш по него најде некоја Висока туристичко - угостителска школа во Охрид, каде што одеше само да полага испити а инаку си седеше дома, освен кога во туристичката сезона престојуваше таму на практична работа што му доаѓаше ем нешто како летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)