шија (имн.) - и (сврз.)

Тапанџијата е клекнат пред неа, ја искривил шијата и ја гледа в очи; и свираџијата свирката ја вперил во неа, жилите на образите и вратот ќе му испукаат од напнатост; мевот му е стегнат со појас за да може подобро да дува; челото му е покриено со изналепени пари.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ја издолжи шијата и бесно, со закана залаја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја издолжи шијата и се насмеа некако од срце, срдечно, татковски.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Се срамиш ли? праша издолжувајќи ја шијата и трепкајќи со солзни очи. - Не, зошто? Не се срамам.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се разбудив од својата смрт многу подоцна и на неколку чекори од заодот над непознатите ридишта над кои гракаа врани или пропаски со попусто тргање на крилјата за педа да се подалеку од местото за кое ги држеше некоја сила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го зграпчил за крадечката шија и извлекол нож од објало. И му ја стругнал тртката од носот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Господ те обележил, рекол отецот, Кузман или Дамјан, кој ќе знае, но не да бидеш свети Лука или свети Никола, туку луѓето да се чуваат од тебе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поточно тоа не беа ни врани ни пропаски: птиците имаа црвени шии и грпки со кострешки перки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој тип пред тоа одеше по мене од кафез до кафез, павијански им се клештеше на азиските мајмуни со запалени задници, се згрбуваше пред тромавите камили со измитарени вратови, ја издолжуваше шијата и се обидуваше нешто да им шепне на жирафите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ја издолжи шијата и бесно, со закана залаја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но конецот го стегна за шијата и го штрекна изненадено.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)