шише (имн.) - ракија (имн.)

Секој носи по еднодве шишиња ракија или вино и при една таква средба појакиот го тераше послабиот да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред него на прозорчето стои шише ракија, го донесе да се опие, но одвај е отпразнето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Беа полни со грав, леблебија, суво месо, пастрма, секакви дребулии и - со шишиња ракија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Торбата на Белгијанската Рози ја наполнија со шишња ракија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Носиш ли ракија, цигари, - ме прашаше Мите. - Не, - му одговорив. - Тогаш ќе земеш нешто од мене, - ме замоли. - знаеш, Германците не пуштаат повеќе од едно шише ракија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко природно очекуваше да му покаже книга, но Камилски, со необичен гест, отвори од ѕидот едно вратиче кое беше дел од редот книги, и се покажаа неколку убаво наредени шишиња ракија и вино.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Појде песната со шише ракија се кани на свадба...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зад шишињата ракија пронајде кутија за чевли заврзана со црвена панделка, нејзината омилена боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се подаваа пагурите и шишињата ракија од рака в рака, се подаваа винарките со вино, и се пиеше, се наздравуваше, се пукаше од пиштоли, пушки, чифтиња; светкаа грмотевиците, пукаа громовите на небото и татнежот се мешаше со пукотниците низ селото.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На една маса шишиња од и со виски, шише ракија, празни лименки од кока-кола, празни кутии од цигари и кеси од сендвичи.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тргаме од шишето ракија, црпиме со кофа вода од чунот; брановите фрлаат внатре, ние фрламе надвор; тие внатре - ние надвор; тие внатре - ние надвор; прашањето е само - кој е побрз.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Единственото што го имаше, што му беше останато од она што го имаше, тоа беше пагурчето ракија; шишето ракија, додека беше на работа, сега беше смалено на пагурче, откако појде во пензија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Знаеш како го убиле некого? Шише ракија во газот, по два часа ракијата ја нема, човекот мртов, никој не знае од што умрел. Чувај се. Бегај.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МАТЕЈ: Што мора нешто да правиш? (Пауза) БОРИС: (Зема шише ракија.) Мило ми е што се собравме вака апансас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ет во ми гу лафи цала нојк, сон не дучикаме, денут нè најде на маста су празно шише ракија.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Живееше само од питијата и питите што му ги оставаа болните дојдени од крајот на неговиот татко: шишињата ракија завиткани во стари весници, а комадите пита прекрстено стуткани во книжни салвети како во шарени шамии.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека таа во кујната ја редеше долгата чинија, а тој во салончето го доцедуваше шишето ракија, си разменуваа по некоја реплика, како на проба излезена од читачка на сцена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Татули слушајќи го Илка каде што при зборувањето ќе употреби некој странски збор, меѓу кои и италијански, тргна на шишето ракија воодушевен и го праша: - Каде си научил италијански?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Баш тогаш домаќинката донесе на веќе кажаната тафта шише ракија и три чашки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)