шише (имн.) - пиво (имн.)

Почнавме песна „Јас сум чесен маказарчанец, од Монастирската околија“. Зајдовме до доцна. Фрчеа конзерви и шишиња пиво.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Приватно, ги користам и во пародично-носталгични мигови: 1 чинија пржени кикиритки + 5 шишиња пиво + 4 гимназиски другари во зрели години.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во меѓувреме, велгоштани беа толку загреани од черешновицата што станаа откај жените на веленцата и со шишиња пиво во рацете се фатија на оро.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Зурлата пиштеше, тапанот думкаше а тие со сет глас се надвикуваа; и колку погоре ги креваа рацете со разлеаните шишиња пиво, толку подолу им паѓаа панталоните по празните машки задници.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А потоа го зеде речиси полното шише пиво и го истури на својата глава.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во еспадрили или во јадранки (на една од тогаш снимените фотографии со босиот палец од јадранките го чешкам мачорот Чарли зад уво), со шишиња пиво во рацете, со коси сè уште влажни од поливањето, навидум лежарни, густиравме излупени резниња праски, а во главите ни се роеја возбудливи мисли спротивставени околу најважното прашање – што ќе студирам?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но веднаш знаев дека нема да можам да си истурам шише пиво на главата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)