шише (имн.) - вода (имн.)

Го отвораше прозорецот и лакомо дишеше од свежиот воздух чувствувајќи му ја неговата исцелителна моќ; и отпивајќи повремено од шишето вода што ја наполна од крајпатните извори каде што автобусот запираше, чувствуваше како му предава некоја чудесна сила, како го исполнува со енергија.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Влегува Кирил со шише вода. Гледа дека го нема Борис.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Јас ја потурав Споменка, а таа мене и знам дека не ви е верно, но со четири или пет шишиња вода ние бевме избањати, заедно со косата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога ќе ни дојде времето за одење кај вас, ќе се искапеш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земеш едно шише вода од другиот извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си одиме дома, ќе се потуриш и еве си пак човек.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
На одење, Предо побара шише вода - не за моторот на колата, туку за својата неизгаслива жед.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ете така, Силјане внуче, ќе си ојме, ич да не бериш колку за тоа гајле.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Кога ќе ни дојди времето за одење кај вас, ќе се искапиш и ти и ќе се сториш еден штрк, ќе си земиш во едно шише вода од другио извор и ќе си го обесиш на гуша и кога ќе си ојме дома, ќе си потуриш и еве си пак чоек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Арно ама што рекол некој: „Не треба чоек да се радуат многу, ни да жалат многу, оти зијан ќе го најдит.“
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Коа дошле близу селото Плетвар, кај Дервенот, видел Силјан полето Прилепцко; видел Маркуј кули; видел и манастирот Трескаец, и од радос веднаш беше слегол до едни камење за тамо да се потурит со шишето вода, за чоек да се сторит и оттука пеш да си одит дома.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Во ткаено торбиче ми кладе шише вода и чергиче.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)