шеќер (имн.) - во (предл.)

Татко губеше сили. Тоа беше времето кога му паѓаше шеќерот во крвта заборавајќи на задолжителниот оброк во чантата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Десетина дена се бореа во болницатаза да му го спуштат нивото на шеќерот во крвта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Процентот на шеќерот во крвта не беше мал.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко внимателно го слушаше Камилски, кој навлегуваше и преку неговата омилена тема за империите на Балканот: Со падот на Византиската Империја во 1469 година, се свртува нова страница и во историјата на гастрономијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Додатокот, шеќерот во Медитеранот го донесоа Арапите, прифатен и обилно користен и од Византијците...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Почувствува како ѝ се суши устата што беше знак дека ѝ паѓа шеќерот во крвта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Не беше ништо страшно, се случува тоа кога паѓа шеќерот во крвта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
СВЕТО: Кој ти стави шеќер во резервоарот на комбето?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Модри од лутина, тие не ја споменуваа водата, туку нешта поврзани со меѓусебна завист и омраза - дека Сотир му купил стан на зетот в град, дека Михајло живее од наполеоните на дедо му украдени од компањони во Америка, дека Бамбо му ја дал кобилата на Бориза Штопар со мана, дека ќерка му на Бориза е вратена три месеци по мажачката сосе машината за шиење, дека Васко Бурзаноски клавал шеќер во комината за ракија, дека голем проклетилак има во сојот Куцалев, што ќе земе на заем никогаш да не врати...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да не ставам пет лажици шеќер во чајот од нане и да не ме препознаваат како „петарда“ што пие шербет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
ДЕПА: (Ѝ ја фаќа раката на Мара со која фрла шеќер во ѓумчето). Доста, мори, што стори?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Молк. Дотури шеќер во чашата и откако го измеша, со лажичката почна да удира по десната нога.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Настинатите го мешаат медот во чајчето Возрасните го мешаат шеќерот во кафето Домаќинките со миксерот подготвуваат колач Секретарките ја мешаат работата со задоволството
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
На горната усна ѝ се имаше налепено слој бел шеќер во прав.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас не бев, бидејќи бев во Лион.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Жена - не девојка - туку жена која ќе му роди дечиња и навечер ќе му вели „добра ноќ“, а наутро ќе го буди со топол мирислив чај од јагоди, со многу шеќер во него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Пак ја отвора рерната.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама сѐ да изедеш, ништо да не вратиш дома.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Готово, печено“, вели, го клава плехот врз шпоретот и го покрива со крпа малку да истине, потоа - знам - ќе го потури со шеќер во прав и ќе го сече на квадратчиња.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сега трчам назад, го растворам шеќерот во едно пајнче, и му ја кревам главата на Здравко.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)